Почеток СВЕТ ПУТИН: Министерството за одбрана размислува како да одговори ако Украина нападне со ракети со долг дострел, имаме голем број на опции

ПУТИН: Министерството за одбрана размислува како да одговори ако Украина нападне со ракети со долг дострел, имаме голем број на опции

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кремљ соопшти денеска дека рускиот претседател Владимир Путин предупредил дека официјална Москва разгледува различни начини на реагирање доколку САД и нивните сојузници во НАТО дозволат Украина да користи западно оружје со долг дострел за напади длабоко во руската територија.

– Руското Министерство за одбрана размислува за тоа како да одговори на можните напади со долг дострел на руска територија и ќе понуди голем број можни опции, изјави Путин за руската државна телевизија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара од своите сојузници да и дозволат на Украина да лансира западни ракети со долг дострел, вклучувајќи ги американските „АТАЦМС“ и британските „Сторм Шедоус“, длабоко на руската територија за да ја ограничат способноста на Москва да изврши напади.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro