Почеток СВЕТ Путин нема да оди на погребот на Папата, Трамп, Зеленски и Макрон ќе бидат во Рим

Путин нема да оди на погребот на Папата, Трамп, Зеленски и Макрон ќе бидат во Рим

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Руската државна агенција ТАСС јави дека претседателот Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на папата Франциск, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот нема такви планови“, изјави Песков за новинарите, според агенцијата, додавајќи дека сè уште не е донесена одлука за тоа кој ќе ја претставува Русија на испраќањето во Ватикан.

Путин последен пат го посети папата Франциско во Ватикан во јули 2019 година.

Ватикан денеска соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Мајор во Рим.

На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Текстот Путин нема да оди на погребот на Папата, Трамп, Зеленски и Макрон ќе бидат во Рим е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro