Почеток СВЕТПутин „ја бања“ војската со пари, руската економија „добива“ студен туш

Путин „ја бања“ војската со пари, руската економија „добива“ студен туш

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Високите бонуси за регрутација што ги нуди Русија за да ги задржи своите човечки и други воени капацитети во Украина го оптоваруваат националното стопанство, нагласува неодамна објавениот извештај на Институт за проучување на војната (Institute for the Study of War).

Трошоците значително се зголемија поради регрутацискиот бонус и додадните вработувања во одбранбената индустрија.

Во јули минатата година, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Указот со кој стандардниот бонус за регрутација се зголеми повеќе од двојно, од 195.000 рубљи на 400.000 рубљи (отприлика од €2.000 на €4.000), што е речиси пет пати повеќе од просечната плата во Русија, пишува „Бизнис Инсајдер“.

 

Присилната мобилизација наскоро ќе биде неопходна
Кампањата за зголемување на бројот на припадници на војската ја доведе војската во директна конкуренција за работна сила со цивилниот сектор, што предизвика пораст на платите и цените, особено во услужните дејности, додека Русија продолжува да истура пари во својата воена машинерија.

„Русија не може неограничено долго да ги надополнува своите сили со моменталната стапка на загуби без присилна мобилизација на резервата, што Путин досега не сакаше баш да го прави, ниту пак може да ги одржува сѐ поголемите парични исплати што руското стопанство едноставно не може да го издржи“, пишуваат аналитичарите на Институтот за проучување на војната.

Според податоците на Центарот за стратешки и меѓународни студии од јуни, Русија во војната во Украина има повеќе од 950.000 ранети и загинати. Аналитичарите на Институтот за проучување на војната предупредуваат дека Москва истовремено ја ублажува монетарната политика за да поттикне раст и да ги зголеми воените трошоци. Таа комбинација се заканува со дополнителна дестабилизација на економијата.

Неодржливо високите исплати на војниците, пишува Институтот за проучување на војната, веројатно ќе ја нарушат куповната моќ на граѓаните; со текот на времето ќе ја ослабнат рубљата и ќе ја зголемата макроекономската нестабилност.

Путиновата администрација минатата година ги надмина своите цели за регрутација, главно благодарејќи на високите бонуси. Некои регионални власти дури нудеа бонуси што може да се споредат со бонусите што ги нуди војската на САД.

 

Воената потрошувачка е главен двигател на БДП

Таквиот пристап доведе до краткорочен економски раст. Економистите од Бругел, тинк-тенк до Брисел, пишуваат дека воената потрошувачка и потрошувачката поттикната од бонусите беа главните двигатели на рускиот БДП во 2023 и 2024 година. Како што економијата се насочуваше кон воените цели, најмногу профитираат одбранбениот сектор и воената потрошувачка.

Но во средината на 2023 година, економијата почна да „прегрева“, што ја натера централната банка на Русија неколку пати да ги подига каматните стапки.

„Сепак, имајќи предвиде дека голем дел од кредитирањето се одвива со субвенционирани каматни стапки, а воено индустрискиот комплекс е заштитен со јавните набавки, тие покачувања на стапките првенствено влијаеше на сектори што не се поврзани со војната“, пишуваат економистите од Бругел.

Дури и војно-индустрискиот сектор на крајот на 2024 година покажуваше знаци на стагнација. И додека Централната банка на Русија го насочува кредитирањето кон секторите поврзани со војската, останатите делови на економијата постепено се потиснуваат.

Во меѓувреме, структурните слабости на руската воена економија и понатаму се тука, дури и ако досега таа се чинеше отпорна, благодарение на дотурот на пари поврзани со војната.

„Русија ги загуби главните извозни пазари за своите одбранбени производи, се соочува со растечки трошоци поради заобиколувањето на санкциите и страда од слабите политики за трудот и миграциите, а сето тоа дополнително ги зголемува нејзините структурни проблеми“, анализираат економистите од Бругел.

The post Путин „ја бања“ војската со пари, руската економија „добива“ студен туш appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа