Почеток СкопјеПуштено во употреба детско игралиште во Бунарџик

Пуштено во употреба детско игралиште во Бунарџик

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со цел унапредување на условите за квалитетен раст и развој на децата, Општина Илинден продолжува со континуирана реализација на инфраструктурни проекти насочени кон создавање функционални и безбедни јавни простори. Во таа насока, денеска официјално беше пуштено во употреба современо детско игралиште во н.м. Бунарџик. Најмладите жители на оваа населба добија ново катче за игра, дружење и рекреација, комплетно уредено со современа урбана опрема по највисоки стандарди за детска безбедност и забава.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на детското игралиште и истакна дека освен за просторна урбанизација, ова игралиште е од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители. Како и дека Општина Илинден ќе продолжи континуирано да работи на урбанизација на сите населени места.

Детското игралиште е опремено со детски реквизити: лулашка, лизгалки, фигура коњче, двојна клацкалка, како и метална карпа за искачување. Поставена е метална ограда која го обезбедува просторот и ја зголемува безбедноста при игра, а целокупната површина е партерно уредена со бекатон плочки. Исто така, променети се и бетонските рабници, со што просторот добива современ и функционален изглед. Дополнително, поставени се и клупи, а со новите корпи за отпадоци се овозможува почиста средина.

Со ова детско игралиште, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за создавање функционални, безбедни и естетски јавни простори што директно придонесуваат за подобар и поквалитетен живот на сите генерации, особено на најмладите.

Можно е и ова да ти се допаѓа