Почеток СПОРТ Раководството на Баерн дискутирало за стилот на игра на тимот

Раководството на Баерн дискутирало за стилот на игра на тимот

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Раководството на Баерн Минхен водело дискусија за стилот на игра кој тимот го практикува од почетокот на сезоната, пишува „Билд“.

Баварците запишаа два порази во Лигата на шампионите, а дел од шефовите тврделе дека новиот тренер Винсент Компани практикува ризичен фудбал, особено на важните натпревари.

Во двата порази Баварците се потпираа на висока одбрана, а нивните противници често организираа опасни контранапади.

Голем дел од челниците на „Алијанц Арена“ се со став дека работите не можат да продолжат вака. Спортскиот директор Макс Еберле, кој го доведе Компани на чело на тимот, беше еден од ретките кои го бранеа белгискиот стручњак.

Баерн загуби два по ред во Лигата на шампионите, откако претходно во групната фаза на турнирот мина во серија од над 50 натпревари без пораз.

The post Раководството на Баерн дискутирало за стилот на игра на тимот appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro