Почеток СПОРТ РАКОМЕТ: Вардар прегазен од Мелсунген-Германија, со 16 голови разлика

РАКОМЕТ: Вардар прегазен од Мелсунген-Германија, со 16 голови разлика

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ракометниот клуб Вардар 1961 доживеа убедлив пораз на гости кај Мелсунген со 34:18 (17:10) во својот втор натпревар во ЕХФ Европската лига во оваа сезона.

На теренот во Германија доминираше домашната екипа и во ниту еден момент не ја доведе во прашање својата победа.

Српскиот интернационалец Крсманчиќ беше најефикасен во редовите на Вардар со четири голови, а по три имаа македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски и Тунижанецот Ашраф Маргели.

Кај победничкиот тим, Сипош, Јонс и Торебејано во редовите на Мелсунген беа најефикасни со по пет гола.

Во рамките од третото коло Вардар 1961 на 22 октомври во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека Порто. (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro