Почеток СПОРТРашфорд ги помина лекарските прегледи и станува нов играч на Барселона

Рашфорд ги помина лекарските прегледи и станува нов играч на Барселона

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Според информации на британскиот Sky Sports, напаѓачот на Манчестер Јунајтед утрово ги комплетирал лекарските прегледи во Барселона и е на чекор до комплетирање на својот трансфер во каталонскиот гигант.

27-годишниот Англичанец уште во неделата допатувал во Барселона, а се очекува неговото официјално претставување да се случи во среда.

Според информациите, Манчестер Јунајтед и Барселона постигнале договор за едногодишна позајмица за сезоната 2025/2026, со опција за целосен откуп следното лето. Она што е клучно е што Барселона се согласила да ја покрие целата плата на Рашфорд за време на позајмицата.

Можно е и ова да ти се допаѓа