Почеток Наука и ТехнологијаРеволуционерни иновации овозможени од најтенките телефони на преклоп на Samsung

Револуционерни иновации овозможени од најтенките телефони на преклоп на Samsung

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Откако Samsung ја создаде категоријата на преклопни телефони (Foldables) со претставувањето на првиот преклопен паметен телефон во 2019 година, компанијата постојано се стреми кон една цел: да понуди уред со голем екран, кој сепак лесно собира во џеб. По години развој и илјадници дизајнерски и инженерски подобрувања, Galaxy фолдабл уредите не само што ја надминаа таа цел, туку поставија нов стандард за мобилни иновации со преклопни екрани.

Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 се најтенките, најлесните и најнапредните фолдабл уреди на Samsung досега.

Пропорции што собираат во џеб

Моделот Galaxy Z Flip7 лесно собира во џеб со дебелина од само 6,5 mm кога е отворен и 13,7 mm кога е затворен. Печатената плочка со ултрависока густина гарантира максимално искористен внатрешен простор, а Samsung ја унапреди и енергетската густина на батеријата, зголемувајќи го капацитетот за 300 mAh, истовремено намалувајќи ја нејзината дебелина..

Моделот Galaxy Z Fold7 е речиси двојно потенок од првиот Fold модел – само 8,9 mm кога е склопен и 4,2 mm кога е отворен. Ова намалување од 48%, во комбинација со поширок и посветол екран и сооднос на страници од 21:9, резултира со уред што е практичен за носење и интуитивен за користење.

Поцврсти, потенки шарки

Galaxy Z Fold7 воведува Armor FlexHinge шарка од трета генерација, која е 27% потенка и 43% полесна од претходната верзија. Главните унапредувања вклучуваат:

  • Потенки ротирачки и помошни елементи, што овозможува покомпактна, но подеднакво издржлива шарка.
  • Нови легури на метали кои ја зголемуваат границата на попуштање за над 14% што овозможува подобра издржливост при често отворање и затворање.
  • Раздвоени помошни и ротирачки функции за поголема структурна стабилност и флексибилност во дизајнот.
  • Крилна плоча што се отвора пошироко, овозможувајќи порамен и почист екран за подобро визуелно доживување.

Galaxy Z Flip7 има најтенка FlexHinge шарка досега – за 29% потенка од онаа кај моделот Galaxy Z Flip6, а сепак целосно го поддржува FlexMode режимот и секојдневната употреба.

Потенки, поцврсти екрани

 Екранот е клучната хардверска иновација на Galaxy Z Fold7, со фокус на зголемена издржливост во полесен и потенок уред:

  • Дебелината на екранот е намалена за повеќе од 39% благодарение на новата структура на панелот и напредните материјали.
  • Воведена е титаниумска решетка, што нуди 64% поголема издржливост и отпорност.
  • Новиот дизајн на слојот на панелот овозможува подобра апсорпција на надворешни влијанија и трајна издржливост.
  • Ултратенкото стакло (UTG) е 50% подебело отколку кај Galaxy Z Fold6, што овозможува помалку видлива прегиба и подобри перформанси.

Со Galaxy Z Flip7, Samsung го задржува препознатливиот дизајн на Z Flip серијата, но со повеќе моќ во помало пакување:

  • Новиот Infinity Cover Display екран од раб до раб го елиминира црниот исечок за повеќе простор за содржина и почист визуелен приказ.
  • HID камерата е прецизно поставена во аголот, овозможувајќи симетричен и јасен изглед.
  • Рамката околу екранот е намалена од 3,94 mm на 1,25 mm, односно за 68%, правејќи го Galaxy Z Flip7 телефонот со најтенка рамка меѓу склопливите модели.

 Професионални камери за кристално чисти фотографии

Galaxy Z Fold7 нуди врвно искуство со камерата во елегантен и лесен дизајн.

  • Првата 200 MP ултраширока камера на склоплив телефон, благодарение на новиот тенок мотор и целосно новиот структурен дизајн.
  • Модулот на камерата е намален за 18% и тестиран во речиси 30.000 симулации, што резултира со најтенка 200 MP камера на склоплив уред – без компромиси во квалитетот на сликата.

Камерата на Galaxy Z Flip7 има целосно нов дизајн за да понуди врвен квалитет на слика во уште потенко куќиште. За да се постигне тоа, Samsung ја поедностави внатрешната структура на модулот и вгради помал мотор за автофокус со високи перформанси и помало оптоварување.

 Поцврсти материјали, полесно чувство   

 Samsung го зајакна тенкиот профил на Galaxy Z Fold7 со поцврсти и напредни материјали. Покривниот екран сега користи Corning® Gorilla® Glass Ceramic 2, што ја зголемува цврстината на материјалот за 30% во однос на претходната генерација. Дополнително, рамката и поклопецот на шарката се направени од напреден зајакнат алуминиум, кој е за 10% поцврст од оној што се користеше кај Galaxy Z Fold6.

Заклучок
Секој елемент – од шарката, преку екранот, до камерата кај Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 е внимателно дизајниран со една цел: да им понуди на корисниците елегантен склоплив телефон кој е лесен како било кој премиум паметен телефон.

Добредојдовте во нова ера на моќ што собира во џеб.

[1] На предната страна од уредот се користи Corning® Gorilla® Glass Ceramic 2, додека на задната страна Corning® Gorilla® Glass Victus® 2.

2 Податоците се засновани на интерно тестирање од страна на Corning. Споредба на ниво на материјал помеѓу Gorilla® Glass Ceramic 2 и Gorilla® Glass Victus® 2, како што се користат кај моделот Galaxy Z Fold6.

3 Напредната рамка од зајакнат алуминиум не ги опфаќа копчињата за звук, страничните копчиња, лежиштето за SIM-картичка или отворот за камерата.

4 Податоците се засновани на интерно тестирање на Samsung за напредниот зајакнат алуминиум што се користи кај моделот Galaxy Z Fold6. Подобрувањето е измерено на ниво на материјал и можеби не ја одразува вкупната издржливост на уредот.

The post Револуционерни иновации овозможени од најтенките телефони на преклоп на Samsung appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа