Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Реонски центар доби современо уреден фудбалски терен

Реонски центар доби современо уреден фудбалски терен

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Аеродром доби нов, современо уреден фудбалски терен, кој се наоѓа во Реонски центар, во непосредна близина на ООУ „Александар Македонски“.

Фудбалскиот терен беше пуштен во употреба, со свечен настан на кој свои поздравни обраќања имаа министерот за спорт, Борко Ристовски и в.д градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Митески упати честитки до ФК „Аеродром“ од каде изминатиот период вложија огромен труд за уредување на овој простор и создадоа нов современ спортски центар каде што аеродромци ќе можат да спортуваат, да навиваат и да се дружат.

По свеченото пуштање во употреба, првиот натпревар го изиграа млади фудбалери од клубот со познати личности од македонската забавна сцена.

-Општина Аеродром, која важи за најспортска општина, продолжува и во иднина да ги доближува сите спортови до жителите, особено до најмладите. Со тоа се создаваат успешни генерации кои негуваат здрави навики – потенцираат од локалната самоуправа.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro