Почеток Републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот, пренесува Фокс Њуз

Републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот, пренесува Фокс Њуз

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот, според проекциите на Фокс њуз објавени рано утрово.

Во вторникот се одржаа претседателски избори во САД, како и избори за Претставничкиот дом и за третина од местата во Сенатот.

Републиканците освоија мнозинство во Горниот дом откако ги заменија местата на демократите од Западна Вирџинија и Охајо.

Засега, ниту една партија се чини дека нема јасна предност во битката за контрола на Претставничкиот дом, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.

Досега во Сенатот, кој има вкупно 100 места, демократите имаа тесно мнозинство од 51 спрема 49.

Текстот Републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот, пренесува Фокс Њуз е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro