Почеток ЕКОНОМИЈАРечиси четвртина од вработените од Генерацијата Зед во САД сметаат дека џабе студирале

Речиси четвртина од вработените од Генерацијата Зед во САД сметаат дека џабе студирале

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Речиси четвртина (23%) од испитаниците – вработени од Генерација Зед (родени во периодот 1997-2012) во САД дека џабе им било студирањето на колеџ и тоа не им помогнало да почнат поуспешна или подобро платена кариера.

Според анкетата 2025 Gen Z Career Prospects на Резуме Џиниус, речиси секој четврти (23%) припадник на Генерација Зед се кае што отишол на колеџ. Речиси секој петти (19%) вели дека дипломата воопшто не му помогнала во кариерата.

Додека најголемиот дел од луѓето родени помеѓу 1997 и 2012 година се решиле за више и високо образование, многумина сега се прашуваат дали тоа бил вистинскиот чекор и дали се исплател.

Сепак, изгледа дека вредноста на дипломата многу зависи од тоа што се студирало. Оние што дипломирале технички или природни науки или пак имаат медицински студии од различни видови пријавиле најголеми кариерни придобивки од нивното образование, па 87% од оваа група испитаници рекле дека дипломата им помогнала професионално. Кај оние што студирале општествени науки или уметност, таа бројка паѓа на 51%.

Еден тренд што се разоткрива со оваа анкета е дека припадниците на Генерација Зед не се насочуваат строго на едно работно место. Дури 58% од анкетираните рекле дека имаат уште некој работен ангажман за пари покрај целовременото работно место, а дополнителни 25% размислуваат да си најдат секундарна работа.

Кога станува збор за кариерните цели, Генерација Зед не трча по престиж или професионални титули – тие повеќе сакаат рамнотежа. Всушност 91% одговориле дека балансот „работа – приватен живот“ им е „важен“ или „многу важен“ за нивниот успех. Потоа по важност следуваат сигурноста на работното место и височината на платата, додека традиционалните „вредности“ како работење за голема компанија или искачување нагоре имаат многу помала вредност за родените помеѓу 1997 и 2012 година.

The post Речиси четвртина од вработените од Генерацијата Зед во САД сметаат дека џабе студирале appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа