Почеток МАКЕДОНИЈА Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип. Директорот на болницата, Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ.

Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата нормално функционира. Инаку, МИА синоќа информираше дека болницата со струја се снабдуваше од агрегат, бидејќи при градежни активности беше скинат кабел.

The post Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro