Почеток МАКЕДОНИЈАРистески: Активен нов јавен повик со мерки од Оперативниот план за вработување

Ристески: Активен нов јавен повик со мерки од Оперативниот план за вработување

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Новиот јавен повик е до општините и е поврзан со мерката 7 – Економија на грижа, подмерка Општинско-корисна работа, со која се предвидува ангажирање на 300 невработени лица за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво, објави Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

„Заклучно 8 август општините треба да доставаат апликации до Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со цел работно да ангажираат невработени лица кои поседуваат соодветен сертификат за давател на соодветната услуга.

Невработените лица ќе бидат работно ангажирани со 40 часови неделно, во период од 18 месеци, каде 6 месеци ќе бидат финансирани од АВРМ, додека 12 месеци од општината, а за нивната работа ќе добијат надомест во висина од 28.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест“, потенцира во објавата Ристески.

Повеќе информации на интернет страната на Агенцијата за вработување (https://av.gov.mk) или во некој од локалните канцеларии на Агенцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа