Ракметарите на Алкалоид убедливо го совбладаа шампионот во Суперлигата, тимот на Еурофарм Пелистер. Освојувачот на Купот и Суперкупот на Македонија, по Вардар му зеде мерка и на шампионот, совладувајќи го на домашен терен со 32:25 и остана перфектен во домашниот шампионат со осум победи од исто толку натпревари.
Со вечерашниот триумф над пелистерци, Алкалоид скоро сигурно ќе презими на лидерската позиција на табелата во Суперлигата, бидејќи до крајот на овој дел од шампионатот му преостанува уште едно дерби – против Вардар на гости.
Најпрецизен на паркетот беше Кузмановски со 11 гола, но капитенот не доби соодветна поддршка од ниту еден соиграч. За Алкалоид прв стрелец беше Серафимов со седум гола, а шест имаше Бинго.