Почеток СПОРТРК Алкалоид: Ова не е само победа, ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!

РК Алкалоид: Ова не е само победа, ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука дека македонскиот ракометен клуб Алкалоид е освојувачот на Европскиот куп се огласија и од клубот.

-Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!

По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.

По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!

Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!

Ви благодариме на сите за поддршката, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид го освои Европскиот куп, ЕХФ конечно пресече

Мукаетов: РК Алкалоид ги исполни сите барања, се надевам на правилна одлука на ЕХФ

The post РК Алкалоид: Ова не е само победа, ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет! appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа