0
Вардар 1961, ја објави претстојната агенда. „Црвено-црните“ ќе го имаат својот прв собир на 24 јули, а првиот официјален тренинг е закажан за четири дена подоцна. Подготовките ќе траат во периодот меѓу 5 и 13 август, а тука е закажан и еден контролен меч со екипата на Бутел.
Потоа екипата заминува на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, од каде ќе се врати дома за скопскиот турнир во периодот меѓу 28 и 31 август.
На трети септември вардарци ќе настапат во Суперкупот и веднаш потоа ќе се фокусираат на стартот на Суперлигата, кој е закажан за шести септември.