103
Родителите на деца со попреченост преку петиција бараат законски измени за да добијат статус на родител-негувател. Голем дел од нив не можат да работат поради целосната посветеност на децата. Исклучени од пазарот на труд, сметаат дека треба да добиваат месечен паричен надоместок од државата. Од надлежното министерство велат дека се отворени за соработка и размена на идеи.
