Почеток „Розов пикник“ на Школка во Скопје

„Розов пикник“ на Школка во Скопје

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Розов пикник“ ќе се одржи денеска во 11 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка. Говор ќе одржат министерот за здравство, Арбен Таравари и Весна Бејби Петрушевска. Планирани се бројни активности – пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма. Целта на настанот не е само да обедини, туку и да даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите, велат од Здружението ЕЗРА кое активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите.

– Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба. Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее – велат од ЕЗРА.

The post „Розов пикник“ на Школка во Скопје first appeared on УМНО.МК.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro