Почеток СВЕТРомански пилот преживеал авионска несреќа, по неколку часа загинал во друга

Романски пилот преживеал авионска несреќа, по неколку часа загинал во друга

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион во Романија загинал во друг.

Падот на малиот авион ICP Savannah S се случил вчера околу 19 часот во општина Јуриловца, на брегот на Црно Море, кратко по полетувањето. Загинатиот 54-годишен пилот имал повеќе од 200 часа налет, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион, во кој летал со 18-годишниот син. Нивниот авион тогаш се превртел при слетувањето, но за среќа обајцата минале без повреди.

Потоа повикале други пилоти да ги превезат од местото на несреќата, и заминале во две одвоени летала, од кои едното, во кој бил 54-годишниот пилот, се урнало, извести романската Про ТВ. Во овој пад животите ги загубиле двете лица во авионот.

The post Романски пилот преживеал авионска несреќа, по неколку часа загинал во друга appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа