Почеток СПОРТРоналдо бара да му донесат ѕвезда вредна повеќе од 100 милиони евра

Роналдо бара да му донесат ѕвезда вредна повеќе од 100 милиони евра

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кристијано Роналдо силно врши притисок врз челниците на Ал-Наср да ја доведат ѕвездата на Ливерпул, колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз, во претстојниот преоден рок, за сума поголема од 100 милиони евра.

Португалецот неодамна го продолжи договорот со клубот од Саудиска Арабија до 2027 година и, според шпански Спорт, решен е да не ја повтори сезоната 2024/25, во која Ал Наср не освои ниту еден трофеј, ниту на домашен, ниту на меѓународен план.

„Кристијано сака Луис Дијаз да му помага од крило“, вели Спорт и додава дека Роналдо добил уште поголемо влијание во клубот по продолжувањето на договорот и дека неговите желби сериозно се земаат предвид при донесување спортски одлуки.

Според англиските медиуми, Ливерпул е подготвен да слушне понуди за Дијаз, но само оние што надминуваат 100 милиони евра. Тука саудискиот клуб би можел да ја искористи својата финансиска предност во однос на своите европски конкуренти.

Сепак, „Спорт“ забележува дека Луис Дијаз не криел дека негов приоритет е да остане во европскиот фудбал, што би можело да биде пречка за овој спектакуларен трансфер.

The post Роналдо бара да му донесат ѕвезда вредна повеќе од 100 милиони евра appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа