Фудбалерот на Манчестер Сити, Рубен Дијаз, го продолжи договорот со клубот до 2029 година, со опција за продолжување за уште 12 месеци, објави денеска премиерлигашот.
Претходниот договор на Дијаз (28) беше со важност до 2027 година.
Португалскиот репрезентативец пристигна во Сити во 2020 година од Бенфика за 65 милиони фунти и веднаш беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во својата дебитантска сезона.
Во текот на петте години во клубот, Дијаз освои четири титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Лига купот и ФА купот.
„Многу сум среќен. Манчестер е мојот дом, а навивачите на Сити се неверојатни. Кога ќе се осврнам на трофеите и играта што ја покажавме, не можам да замислам да играм некаде на друго место“, рече Дијаз.
Спортскиот директор на Сити, Уго Вилан, истакна дека Дијаз е „лидер и на теренот и во соблекувалната“.