Руските сили во Украина по речиси една седмица борби, од утрово веќе навлегуваат во градот Покровск во Донецката област. Оваа стратешка победа би можела и да ја „отвори вратата“ за руско напредување кон западна Украина и да направи пресвртница, јавуваат светските новински агенции.
Покровск е во западниот дел на Донецката област, односно е на самата граница на „помирните делови“ на Украина.
Украинските сили уште водат операции на „чистење“ против „непријателски извидувачко-саботерски групи“, а ситуацијата на теренот е многу сложена и тешка, велат воени извори за „Украинска правда“.
Покровск пред војната беше важен сообраќаен јазол, за железничкиот и друмскиот сообраќај. Денеска е еден од клучните градови под украинска контрола, но не се знае до кога. Првите руски единици беа забележани на 17 јули. Користејќи ја исцрпеноста на една од украинските бригади и лошата проверка на ситуацијата на терен, влегоа во градот преку населбата Звирови. Интервенираа 115. посебна механизирана бригада и 68. ловечка бригада на украинските вооружени сили.
Воената контрола врз градот овозможува ефикасна одбрана на западен Донбас, односно губењето на овој пункт од страна на вооружените сили на Украина ќе значи лесна отскочна штица за понатамошно напредување на руските сили кон Западот.
Инаку, утре во Истанбул би требало да почне третата рунда од најновите преговори Русија-Украина.
The post Русите го освојуваат Покровск – се отвора ли вратата за руски продор кон западот? appeared first on Локално.