Почеток СВЕТ Русите тврдат дека погодиле воена база во Украина, има загинати и ранети

Русите тврдат дека погодиле воена база во Украина, има загинати и ранети

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Руските сили наводно погодиле база во која се сместени украински војници и странски платеници во делот на регионот Запорожје кој е под контрола на Украина, изјави Сергеј Лебедев, координатор на локална проруска мрежа.

Лебедев изјави дека, според прелиминарните податоци, повеќе од 60 луѓе се ранети, а околу 20 се убиени.

– Во Запорожје беше погодена база на украинските вооружени сили со странски платеници. Поддржувачите на Бандера и странските платеници се населиле на територијата на одгледувачницата. Тие беа подготвувани и распоредени од воени единици за изведување офанзивни операции во правец на Запорожје – рече Лебедев.

Тој додаде дека во базата имало и мало складиште за муниција која експлодирала.

Најмалку десет лица се повредени вечерва кога руските сили го погодија центарот на градот Запорожје на истокот на Украина, кој е под контрола на Киев, објави регионалниот гувернер Иван Федоров.

Тој на својот канал Телеграм изјави дека руските сили извршиле два напади врз тој град, пренесува Интерфакс Украина.

Текстот Русите тврдат дека погодиле воена база во Украина, има загинати и ранети е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro