Почеток СВЕТРусија го раскина договорот за воено-техничка соработка со Германија

Русија го раскина договорот за воено-техничка соработка со Германија

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Руската Влада денеска го раскина договорот со Германија за воено-техничка соработка, потпишан во 1996 година. Одлуката ја потпиша рускиот премиер Михаил Мишустин, објави ТАСС.

Руското Министерство за надворешни работи доби задача да ја извести германската влада за оваа одлука.

„Договорот апсолутно не одговара на моменталната состојба на руско-германските односи, кои се последица на отворено непријателската политика на германските власти и сè поагресивните милитаристички аспирации на германската влада“, се наведува во соопштението на Министерството.

Според Москва, раководството на Германија „намeрно го насочува своето население во антируски дух и отворено провоцира ескалација на воено-политичката ситуација“.

The post Русија го раскина договорот за воено-техничка соработка со Германија appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа