Почеток СВЕТ Русија протестира: Германскиот амбасадор повикан поради НАТО база на Балтикот

Русија протестира: Германскиот амбасадор повикан поради НАТО база на Балтикот

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Руските власти денеска го повикаа германскиот амбасадор во Москва на разговор во знак на протест против отворањето на нова база на НАТО во Балтичкото Море, чија цел е да ги координира силите на земјите-членки во зоната во близина на Русија.

„Амбасадорот на Германија во Москва е повикан во руското Министерство за надворешни работи и му е упатен силен протест“, се вели во соопштението на руската дипломатија.

„Вашингтон, Брисел и Берлин мора да знаат дека проширувањето на воената инфраструктура на НАТО на територијата на поранешна Источна Германија ќе има најнегативни последици и нема да остане без одговор“, се додава во соопштението.

Според Москва, ваквиот пристап на германските власти „е продолжение на тивката ревизија на резултатите од Втората светска војна и милитаризацијата на земјата“.

Руските власти сметаат дека се прекршени одредбите од Московскиот договор од 1990 година, со кој се воспоставува меѓународниот статус на Германија по нејзиното повторно обединување и се забранува стационирање и распоредување на странски сили на територијата на поранешна ДДР.

„Побаравме итни и детални објаснувања од Берлин“ за отворањето на овој штаб на НАТО, соопшти руското Министерство.

The post Русија протестира: Германскиот амбасадор повикан поради НАТО база на Балтикот appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro