Почеток Руси нападнаа супермаркет во центарот на милионскиот град

Руси нападнаа супермаркет во центарот на милионскиот град

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Русија синоќа изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, а најмалку пет лица се повредени, изјави гувернерот на регионот Харков, Олех Синјехубов.

Водена руска бомба паднала врз супермаркет во центарот на Харков, кој се наоѓа во градски кварт полн со високи станбени згради. Пред нападот на супермаркетот, руските сили извршија напади и врз Харков, погодувајќи ги помалку населените области.

Синјехубов исто така изјави дека руската армија удрила станбена зграда во Кившаривка, мал град источно од Харков. Во тој напад е повредено едно лице, но се стравува дека многу луѓе се заробени во урнатините. Гувернерот на регионот Харков додаде дека континуираното гранатирање од руска страна создава дополнителен проблем за спасувачките сили на теренот.

Последниот голем напад на Харков го изврши Русија на последниот ден од октомври, кога беше погодена станбена зграда, при што загина 11-годишно дете, а тешко и полесно беа повредени најмалку триесетина луѓе.

Текстот Руси нападнаа супермаркет во центарот на милионскиот град е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro