Почеток СВЕТРуските сили презедоа контрола врз три украински села во неколку региони

Руските сили презедоа контрола врз три украински села во неколку региони

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Руските сили ја презедоа контролата врз три села во три различни делови од фронтовата линија во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

Сепак, официјалните украински извештаи за активностите по должината на фронтот долг 1.000 километри го оспорија делот од рускиот извештај, особено во врска со клучно село на југоисток.

Според извештајот на руското министерство, трите окупирани населби се Камјанске во југоисточниот регион Запорожје, Дехтјарне во североисточниот регион Харков и Попив Јар во регионот Донецк.

Руските сили полека напредуваат кон запад, главно низ регионот Донецк, а Москва речиси секој ден најавува освојување нови села, пишува Ројтерс.

Портпаролот на украинската армија, Владислав Волошин, за liga.net изјави дека држењето на населбата Камјанске, југоисточно од главниот град на Запорошката област, е важно за да се заштити тој град од напади.

Сепак, селото беше речиси срамнето со земја за време на долгите периоди на борби, и како што рече Волошин, украинските сили излегоа од селото и успешно ги напаѓааа руските сили секогаш кога мали групи повремено се осмелуваа да влезат во него.

Ројтерс, исто така, наведува дека украинската страна не го потврдила руското заземање на селото Попив Јар, кое се наоѓа североисточно од Покровск, кое со месеци е во фокусот на руските напади во регионот Донецк.

Во среда, руската армија го објави заземањето на селото Новохацко, југозападно од Покровско. Друг украински воен портпарол, Виктор Трехубов, вчера потврди за јавната телевизија Суспилне дека селото е во руски раце.

The post Руските сили презедоа контрола врз три украински села во неколку региони appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа