Почеток СПОРТКошаркаСавичевиќ: Сакаме да ја израдуваме цела Македонија

Савичевиќ: Сакаме да ја израдуваме цела Македонија

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Лука Савичевиќ ќе конкурира за место во тимот на селекторот Марјан Илиевски и смета дека Македонија има добри шанси за позитивни резултати на претстојните предизвици.

„Сите се познаваме многу добро, заедно сме долги години. Мислам дека ние помладите треба да го дадеме својот максимум и мора да се вклопиме во системот на игра. Да покажеме желба и голема борба за добри резултати на Македонија.

Сметам дека оваа репрезентација има голем потенцијал. Сменивме генерации, а имаме и нов селектор. Мислам дека добро ќе се воиграме и ќе ги пренесеме замислите на селекторот. Се надевам дека резултатите ќе бидат успешни.

Започнуваме со анализа на противниците. Знаеме дека играме против квалитетни селекции. Ќе дадеме максимум од нашите можности за да ја израдуваме Македонија. Одиме на четири победи“, оптимистички вели Савичевиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа