Соединетите Американски Држави денеска воведоа казнени мерки против повеќе од 400 компании и поединци кои, според Белата куќа, учествуваат во заобиколувањето на санкциите против Русија.
Новите мерки се насочени првенствено кон компании од Кина и Индија, но и кон субјекти во Русија, Соединетите Американски Држави, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Малезија, Тајланд и Швајцарија, пренесува Ројтерс.
Соединетите Држави испраќаат сериозна порака дека се посветени на спречување на избегнувањето санкции против Руската Федерација, изјави американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.
Текстот САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија е превземен од А1он.