Почеток СВЕТ САД: Украинците можат да ги нападнат севернокорејските војници доколку влезат на украинска територија

САД: Украинците можат да ги нападнат севернокорејските војници доколку влезат на украинска територија

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека украинските сили треба да ги нападнат севернокорејските војници доколку влезат на украинска територија.

Како што објави Украинска Правда, коментирајќи ги податоците за присуството на севернокорејски војници во областа Курск на Руската Федерација, Бајден рече: „Загрижен сум поради ова“.

На прашањето дали Украина треба да ги нападне севернокорејските војници, тој одговори: „Ако тие ја преминат границата на Украина, тогаш да“.

Пентагон ден претходно потврди дека севернокорејската војска, која пристигнала на обука во Русија, почнала да напредува кон Курската област, а дел од нив веќе се таму.

Според најновите проценки на САД, Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија на обука и учество во воените дејствија против Украина.

Текстот САД: Украинците можат да ги нападнат севернокорејските војници доколку влезат на украинска територија е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro