Почеток БАЛКАН САД ja подржуваат идејата Косово да се приклучи на Партнерството за мир, но првин бараат постигање на стабилност

САД ja подржуваат идејата Косово да се приклучи на Партнерството за мир, но првин бараат постигање на стабилност

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

САД ja подржуваат идејата Косово да се приклучи на програмата на НАТО Партнерство за мир, и ги ценат нејзините активностите, но побараа сите актери да работат кон тоа да се постигне стабилност во соседството, Џулијан Смит, амбасадор на САД во НАТО, истакна денеска на брифинг за новинарите.
Партнерство за мир е програма преку која НАТО соработува со земји-партнери од евроатлансткиот регион.
-Задоволни сме што гледаме силен интерес од Косово за приклучување кон Партнерството за мир. Но, мислам дека нашите пријатели таму нè разбраа многу јасно. Ние сакаме тие да продолжат да инвестираат во дијалогот со посредништво на ЕУ. Тоа е нешто што силно го поддржуваат и сојузниците од НАТО и земјите-членки на ЕУ, рече Смит
Таа додаде дека лидерите на Косово ќе имаат шанса за оваа програма ако сите заедно „работиме во регионот и помогаме за поголема стабилност во соседството“.
-Се надеваме дека подоцна ќе можеме да го разгледаме прашањето за (Косово во) П4П. Но, во моментов, се фокусираме кон постигање на поголема стабилност во соседството и правиме сè што можеме за да постигнеме напредок во таа иницијатива водена од ЕУ.

The post САД ja подржуваат идејата Косово да се приклучи на Партнерството за мир, но првин бараат постигање на стабилност appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro