Почеток КУЛТУРАСцена„Сакаш ударен наслов, ѓубре едно“: Рики Мартин бесен откако водител го натера да признае дека е геј

„Сакаш ударен наслов, ѓубре едно“: Рики Мартин бесен откако водител го натера да признае дека е геј

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Американскиот водител Били Буш се присети како Рики Мартин реагираше бурно откако го праша дали е геј. Сега се кае што му ја нарушил приватноста и го принуди да го признае тоа.

Буш откри дека за време на интервјуто, му кажал на Рики дека осум луѓе со кои разговарал во лобито претходната вечер сакале да знаат дали е геј.

„Се замрзна на столот и праша: „Што?“, а јас реков: „О, не, не“. Тој рече: „Кретен еден“, го извади микрофонот и рече: „Сакаш ударен наслов, ѓубре едно“.

Потоа пејачот го напуштил сетот, а продуцентот бил бесен поради ова и рекол: „Ова е ужасно“. Водителот отпатувал во Мајами за интервјуто, а по скандалот, бил повикан од неговите шефови во Лос Анџелес и критикуван.

„Не е моја работа да ги повредувам луѓето. Мојата работа е да сфатам кој сум и каде одам, а во животот мора да бидете спремни да правите грешки“, рече Буш. Тој веднаш му се извини на пејачот, велејќи: „Рики, многу ми е жал што го поставив тоа прашање. Не знам што мислев. Беше несоодветно. Многу ми е жал и ветувам дека ова интервју никогаш нема да ја види светлината на денот.“

Рики му признал дека се борел со тоа целиот свој живот.

„Ќе го кажам тоа кога времето и местото ќе бидат соодветни. Нема да биде тука во оваа емисија додека го промовирам албумот. Ова е многу лично за мене. Ти благодарам што се врати тука. Ти простувам“, рекол тој.

Рики јавно се огласи во 2010 година, околу седум години по ова интервју.

The post „Сакаш ударен наслов, ѓубре едно“: Рики Мартин бесен откако водител го натера да признае дека е геј appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа