Почеток Црна Хроника Санкции за вршење на превоз на стока без лиценца

Санкции за вршење на превоз на стока без лиценца

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денеска (01.11.2024) околу 12 часот во близина на касарна Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно моторно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од В.М.(26) од Куманово.

При контролата било утврдено дека возачот врши превоз на стока без лиценца и извод од лиценца. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 96 став 1 и став 5 во висина од 2500 евра за правно лице и 750 евра за одговорно лице во правно лице и по чл.62.ст.1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра.

The post Санкции за вршење на превоз на стока без лиценца appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro