Почеток БАЛКАНСанкционирани 128 непрописно паркирани возила во Центар

Санкционирани 128 непрописно паркирани возила во Центар

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 14.07.2025 година до 20.07.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 128 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

The post Санкционирани 128 непрописно паркирани возила во Центар appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа