1
Бронзен медал и олимписка пофалница за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2025) во Бон, Германија. Бронзениот медал го освои средношколката Сара Стефановска од Крива Паланка, а олимписката пофалница е за Антонела Владева.
Од 14 до 20 јули се одржа петтата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2025)! Нашата репрезентација, освен од Стефановска и Владева, беше составена и од македонските натпреварувачки Елена Трифуноска и Јагода Панова.
The post Сара Стефановска освои бронза на Европската олимпијада по информатика за девојки во Бон first appeared on УМНО.МК.