Почеток СПОРТСаул го одби Трабзон се сели во Фламенго

Саул го одби Трабзон се сели во Фламенго

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Саул Нигез по 17 години го напушти Атлетико Мадрид. Играчот, кој претходната сезона ја мина на позајмица во Севилја, спогодбено се раздели со клубот од „Метрополитано“.

Саул како слободен играч се очекуваше да се пресели во Трабзон. Во неделата, турскиот клуб испрати авион по него во Мадрид, но тој одби да отпатува во Турција. Медиумите објавија дека во договор со семејството решил да го одбие Трабзон.

Сепак причината била поинаква. Саул кариерата ќе ја продолжи во најбогатиот бразилски клуб Фламенго.

Там тренер ќе му биде поранешниот соиграч од Атлетико, Фелипе Луис.

Фото/ Принтскрин

Текстот Саул го одби Трабзон се сели во Фламенго е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа