3
Еден од уредниците и водителите на ЈутЈуб каналот Инфомакс, најави дека популарниот подкаст „Политиканти“ што го водат Сашо Орданоски и Борјан Јовановски, во новата сеозна се „сели“ на овој канал.
Во објавата се вели дека Орданоски и Јовановски ќе имаат термин секој петок, околу 18:00 часот, а понекогаш ќе имале и заеднички настапи, односно „борба“ на џедаи, како што велат од Инфомакс.
„Оние тешкаши на СДСМ, ние тешкаши на ВМРО и тука ќе има една борба на џедаи“, најавуваат од каналот.