Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Сања Ристеска, атрактивната пејачка на контроверзниот голем хит „Раке пуке, раке шлаке“, се пресели во Австралија  

Сања Ристеска, атрактивната пејачка на контроверзниот голем хит „Раке пуке, раке шлаке“, се пресели во Австралија  

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Замина од Македонија!

Иако е една од најпопуларните македонски пејачки на народните песни, Сања Ристеска не живее веќе во Македонија. Ниту е прва, ниту е последна која одлучила да пресече и да се пресели во далечната Австралија. А, по примерот и на некои други македонски пејачки, како Татјана Лазаревска, Новица Василевски, Лена Трајковска, Јован Радњански… Најголема естрадна популарност Сања стекна со својот  хит  „Раке пуке, раке шлаке“, со песната која беше многу контроверзна, но која на Сања ѝ донесе не само високи хонорари и одлични настапи, туку таа се вивна на врвот на популарноста. Песната остана се уште да се пее по сите свадби и забави.

Токму од тие причини луѓето велат кога ќе се спомне името на згодната Сања, веднаш ќе се запее и рефренот од оваа хитовска песна. Иако Австралија е за нас географски далечна земја, таа воопшто во оваа ера на компјутеризација за неа не е далечна. Патриотското македонско чувство не ја напушта, па така за неодамнешните октомвриски патриотски празници Сања преку својот ФБ на сите Македонци и граѓани на Македонија им честиташе со патриотската песна „Една земја имаме“.

– Каде и да сум, уште од моите музички почетоци, јас пеам за мојот сакан народ, за мојот роден крај. Секогаш исто така се трудам гласно и позитивно да зборувам за мојата татковина Македонија и ако во Македонија веќе не живеам, вели Сања, која во Австралија редовно пее за македонската дијаспора во живо: во нивните клубови, ресторани или на приватни забави.

Сепак, во животот на Сања и се случи, неодамна и една голема семејна тага. Почина нејзиниот сакан дедо Живко. А, таа од него се прости со куси емотивни зборови: „Мојот голем непробол. Почивај во мир мојот сакан дедо“. Моите дедо и баба ме научија на сè, освен како да живеам без нив.

Но иако е сега таму, што се вели „меѓу кенгурите“, Сања е личност која никогаш не губи надеж за подобро утро, поубав живот. Воедно е и таква која ништо не планира. Затоа вели, дека не знае што ѝ носи животот?  – Навистина не сум од тие кои кројат некакви планови. Оставам живот да ме носи, како немирен морски бран. Не е чудно доколку ми се здосади во Австралија, да се вратам назад во Македонија, но затоа-потоа.

Д.М.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro