Почеток СПОРТСветска вицешампионка суспендирана поради допинг

Светска вицешампионка суспендирана поради допинг

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук (29), светска вицешампионка во трискок и скок во далечина, е суспендирана на четири години поради допинг, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (AIU).

„AIU ја суспендира Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“ – се вели во соопштението објавено на мрежата X.

Бех-Романчук била позитивна на тестостерон, анаболичен стероид, на тест спроведен на 7 декември 2024 година.

Привремено била суспендирана во мај оваа година.

Во својата кариера, таа освои сребрени медали на светските првенства – во трискок во Будимпешта во 2023 година и во скок во далечина во Доха во 2019 година.

На последното натпреварување, Олимписките игри во Париз во 2024 година, таа се пласираше на 11-то место во трискок.

Текстот Светска вицешампионка суспендирана поради допинг е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа