Почеток МАКЕДОНИЈА СДСМ: За Мицкоски договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер

СДСМ: За Мицкоски договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал. „Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“. „Таму се фатени буквално во сериозен криминал“. „Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон“. „Ова е историска пљачка“.
Вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци, велат од СДСМ.

„Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента. Одеднаш се е различно, се е супер. Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните. Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Текстот СДСМ: За Мицкоски договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro