Почеток МАКЕДОНИЈА СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Одлуката на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на општина Прилеп, награда за животно дело по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп да му додели на владиката Петар, е најблаго речено – скандалозна! Не постои ниту една издржана причина, ниту еден аргумент кој оди во прилог на донесената одлука. Напротив, фактите се немилосрдни и го кажуваат спротивното“ рече денеска на прес-конференција Моника Илиеска Грашеска, координаторка на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на општина Прилеп.

Таа напомена дека „според Уставот Македонија е секуларна држава, што значи дека постои јасна одвоеност меѓу државата и религијата. Од тој аспект, доделената награда на владиката Петар претставува преседан во долгогодишната историја на доделување на Третоноемвриските награди“.

„Владиката Петар, односно Јован Каревски како што гласи неговото крстено име, ниту е роден во општина Прилеп, ниту било кога бил нејзин жител.
Конечно, доделувањето Третоноемвриска награда за животно дело на владиката Петар, наспроти плејадата докажани интелектуалци, професори, лекари, научни работници, уметници, спортисти и други истакнати прилепчани од разни професии, претставува девалвирање на граѓаните на општина Прилеп и обезвреднување на највисоката општинска награда“ – рече Илиеска Грашеска.

Од партијата велат дека „Намерата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го партизира секој сегмент на нашето живеење, како канцер го разјадува македонското општество. Доделената награда на владиката Петар, е дел од тоа сценарио“.

Текстот СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro