Почеток МАКЕДОНИЈАСДСМ: Над 318.000 пензионери се оштетени со линеарното зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон

СДСМ: Над 318.000 пензионери се оштетени со линеарното зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари. Пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година – обвинија денеска од СДСМ на прес-конференција. Пратеничката на партијата, Јованка Тренчевска преку бројки ја покажа целосната пресметка и фактите за македонските пензионери, како што вели, да разберат за каква манипулација се работи.

„Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%. Што значи тоа? За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување. Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари. За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку. За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000.

И така редоследно секој пензионер губи од пензијата.

Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон. Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото“, рече Тренчевска од седиштето на партијата.

Дополнително, додава пратеничката, следното усогласување во март 2026 ќе се пресметува на помала основица, што значи дека и понатаму пензионерите ќе добиваат помалку од заслуженото.

-Со ова решение Владата практично ги излажала и им ускрати од пензиите на пензионерите двапати. Анализата исто така покажува дека денес на еден пензионер има само 1,6 работници — најлош однос досега, а дефицитот на фондот е над 47% и расте. Наместо Владата да го стабилизира системот и да поттикне повеќе вработени, таа со популистички и манипулативни потези го уништува. Не само што го уништува системот, туку објективно ги краде пензионерите, кажа меѓу другото Тренчевска.

Владата на последната седница го усвои предлог-законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите. Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела спомена и конкретна сума од 1 000 денари, за која би требало да се покачат пензиите за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, а потоа да има повторно покачување на пензиите за истата сума во март 2026 година.

The post СДСМ: Над 318.000 пензионери се оштетени со линеарното зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа