Почеток МАКЕДОНИЈА СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот Христијан Мицкоски се пофали дека телефонски разговарал со Бојко Борисов, му ја честитал победата и изразил оптимизам дека ќе успее да формира влада. Но, само пред еден месец јавноста во Македонија слушна меѓусебни отровни искази, навреди, барања за оставки на релација Борисов – Александар Николовски. Па дури и обвинувања за криминал, велат од СДСМ.

„Николовски споменуваше „златки пачки“ и „стотици илјади евра“ како одговор на барањето на Борисов за негова оставка. Затоа, логично е прашањето дали во овој телефонски разговор Мицкоски го прашал Борисов за неговото барање оставка од Николовски и за пачките злато? Имајќи ги предвид односите меѓу двете земји, Мицкоски треба да излезе и да одговори пред јавноста. Ако не разговарале, тоа значи дека двојните аршини, политичкото лицемерие и лажењето на граѓаните се единствена константа и одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, тврдат од партијата.

Текстот СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски? е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro