Почеток МАКЕДОНИЈА СДСМ: Со скандалозни помилувања на криминалци и нарко босови од затвор и нивно пуштање на слобода ВМРО-ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба

СДСМ: Со скандалозни помилувања на криминалци и нарко босови од затвор и нивно пуштање на слобода ВМРО-ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со скандалозни помилувања на криминалци и нарко босови од затвор и нивно пуштање на слобода ВМРО-ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба. Шокантните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ кои ги спроведува Сиљановска Давкова ја занесуваат секоја церемонија денеска, велат од СДСМ.

– Додека Мицкоски внатре зборува за идеали, надвор се помилуваат нарко босови вклучени во криминални активности, трговија со дрога и оружје, вмешани во мафијашки пресметки.

Ова е срам и погазување на идеалите на револуционерите од македонската револуционерна борба. Ова е директно загрозување на правната држава и охрабрување на криминалните структури.

Неправда, наместо правда. Јасен сигнал дека криминалците се под заштита на власта и дека тие можат да продолжат да хараат по улиците, без никаква казна.

Граѓаните со право ќе бидат загрижени за својата безбедност кога криминалци се пуштени на слобода благодарение на Давкова и ДПМНЕ.

Што им должи ВМРО-ДПМНЕ на криминалците од нарко – кланот Барон, какви услуги им враќаат денеска?

Длабоките врски на ВМРО-ДПМНЕ со криминалните структури и криминалното подземје се на виделина, никој не може да ги сокрие, се вели во соопштението на СДСМ.

The post СДСМ: Со скандалозни помилувања на криминалци и нарко босови од затвор и нивно пуштање на слобода ВМРО-ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro