Почеток МАКЕДОНИЈА СДСМ: Сè што кажа- Мицкски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар

СДСМ: Сè што кажа- Мицкски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама. Граѓаните гледаат дека Мицкоски како премиер прави сè, ама буквално сè обратно од тоа што го говореше и го ветуваше пред изборите, велат од СДСМ.

„Кога беше во опозиција Мицкоски на сите ѕвона го прогласи договорот со „Бехтел и Енка“ за „историски криминал“ и тврдеше дека е „спорен по сите основи“. Е ама откако седна во премиерската фотелја смени лента Мицкоски преку ноќ. Сега наеднаш Мицкоски го фали со истиот тој договор со „Бехтел и Енка“, гордо кажува дека е добар за државата, раскажува колку биле значајни проектите за изградба на Коридорот 8. Вчера едно-денеска друго, толку многу превртливост има во изјавите на Мицкоски што неговото лажење на народот се сведува на ниво на политичка перверзија. Ова е уште една потврда за лагите кои ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги пласираа во опозиција. Но, најважно е дека ова е признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ, како овој со изградбата на Коридорите 8 и 10, биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира“, тврдат од партијата.

Текстот СДСМ: Сè што кажа- Мицкски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro