Почеток МАКЕДОНИЈАСДС да се навикне дека функционирањето на институциите не е притисок и дека никој не е над законот, секој кој се огрешил ќе одговара

СДС да се навикне дека функционирањето на институциите не е притисок и дека никој не е над законот, секој кој се огрешил ќе одговара

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјават на Александар Саша Димитриевиќ:

„СДС треба на се навикне дека законот важи и треба да важи еднакво за сите.

Помина времето на селективност и заштита на партиските лица и функционери на СДС.

Времето кога прекршувањето на законите од страна на државните функционери беше правило и тие поминуваа неказнето, заврши со заминувањето на СДС во опозиција.

Монтираните процеси, реваншизмот и прогонот кон неистомислениците се одлика што го одбележа седумгодишниот период на владеење на СДС.

Редовното функционирање и инспекциите на институциите во општините и општинските претпријатија, не е и не може да се смета за притисок.

Тоа е редовна пракса и обврска на инспекциските служби и таа се спроведува во сите општини, без исклучок.

Институциите се независни, работат согласно закон и постапуваат во согласност со доказите и фактичката состојба.

Наместо сега да плачи на прес-конференции, СДС и нејзините, и така малку функционери што ги има, да почнат да ги почитуваат законите и да работат во интерес на граѓаните.“

Можно е и ова да ти се допаѓа