Почеток СДС нема кредибилитет да говори за енергетиката, нивниот Васко Ковачевски ја испокраде државата во случајот „Адитив“ и избега, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС нема кредибилитет да говори за енергетиката, нивниот Васко Ковачевски ја испокраде државата во случајот „Адитив“ и избега, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

СДС кога зборува за енергетиката и нашите заложби, само нека се сети што се направија изминатиов период за оваа гранка. Во нивно време синоним за енергетика беше криминал и корупција.

СДС е последен што смее да говори за енергетиката, бидејќи Васко Ковачевски поранешен директор на ЕСМ, се бара со потерница поради случајот „Адитив“, го оштети македонскиот Буџет за 6,5 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на владеењето на СДС, државата, додаваат од таму, беше труена со отровен мазут и беа украдени од државата неверојатни 167 милиони евра.

„Поради негрижата на СДС, секој месец наредните 15 години, ќе плаќаме по 300 илјади евра фактури или околу 54 милиони евра.

СДС нема кредибилитет да говори за енергетиката, ниту пак за било што друго кое поради нив, ВМРО-ДПМНЕ го гради од темел“.

Текстот СДС нема кредибилитет да говори за енергетиката, нивниот Васко Ковачевски ја испокраде државата во случајот „Адитив“ и избега, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.