Почеток МАКЕДОНИЈАСДС пробугарска, Алијанса прогрчка: Таравари кука зошто Алиу не го користи „Она на С“

СДС пробугарска, Алијанса прогрчка: Таравари кука зошто Алиу не го користи „Она на С“

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Партијата на Арбен Таравари која има исто име со онаа на Села се расправа и го кодоши министерот за здравство Алиу за некористење на „она на С“.

Во наратив сосема соодветен на оној на братски опозициската СДС која во моментот тера бугарска агенда, Алијансата на Арбен оди контра Македонија со грчка агенда и ја кодоши власта за користење на името кое неуставно го сменија Заев и Ахмети, досека Таравари беше привезок во нивната влада. А, беше привезок во многу влади.

Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом во Илинден со две флагрантни прекршувања – отсуство на албанскиот јазик на официјалните табли и употреба на старото име на државата „Македонија“, наместо уставното име, реагира многу „промуќурно“ Алијансата за Албанците на Арбен Таравари.

СДС пробугарска, Алијанса прогрчка. А ги чекаат избори во Македонија…

За потсетување, во време на владеењето на Заев и Ковачевски, нивната влада најавуваше казни за користење на Македонија без „она на С“. Граѓаните одамна очекуваат авторите на „она на С„, да го извадат „она на М“ од името на партијата. Опциите се СДСС или СДССМ…

 

Можно е и ова да ти се допаѓа