Почеток СВЕТСепак има надеж за трговски договор меѓу ЕУ и САД пред крајниот рок

Сепак има надеж за трговски договор меѓу ЕУ и САД пред крајниот рок

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека преговорите меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави околу постигнување трговски договор напредуваат, додека се наближува 1 август – рокот на кој претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе ги воведе новите царински стапки за сите држави или ЕУ (30%), ако не биде постигнат договорот за повластено царинење. Претходно месецов Трамп ги објави предвидените царински стапки за дузина држави.
.
Пред работната вечера со францускиот претседател Емануел Макрон, Мерц рече дека има информации за можно брзо решение.

„Во последниве неколку минути слушнавме дека можеби ќе има одлуки,“ алудирајќи на тековните разговори насочени кон избегнување 30-процентна царина на европски производи.

Надежите за пробив се зголемија оваа недела, откако се појавија информации дека двете страни се блиску до договор кој би предвидел компромисна царина од 15 отсто за европски стоки, слично на неодамна постигнатиот договор меѓу САД и Јапонија.

Францускиот претседател Макрон изјави дека европските лидери и Европската комисија се во „постојан контакт“ за да ја координираат својата реакција на американскиот притисок.

„Сакаме најниски можни царини, но и да бидеме почитувани како партнерите што сме“, изјави Макрон.

Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, во изјава за Блумберг рече дека „разговорите одат подобро отколку досега“ и дека има напредок.

Разговори во средата се одржаа и меѓу еврокомесарот за трговија Марош Шефчович и американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник.

Доколку се финализира, договорот меѓу ЕУ и САД веројатно би содржел одредени исклучоци, на пример за авионската индустрија, медицинска опрема и алкохолни пијалаци.

The post Сепак има надеж за трговски договор меѓу ЕУ и САД пред крајниот рок appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа