Почеток БАЛКАН Серија земјотреси во Грција, погодени Пелопонез и Кефалонија

Серија земјотреси во Грција, погодени Пелопонез и Кефалонија

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на Пелопонез во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 32 километра југоисточно од градот Патра на Пелопонез на длабочина од 73 километри.

Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.

По тој земјотрес, Грција рано утринава беше погодена од неколку помали земјотреси, вклучително и земјотрес со јачина од 3 степени на 20-ина километри западно од островот Кефалонија.

Текстот Серија земјотреси во Грција, погодени Пелопонез и Кефалонија е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro